Реал Мадрид во Герет Бејл вложиле досега 236 милиони евра. Велшанецот е во (не)милост на навивачите, многумина бараат тој да замине, иако има постигнато неколку важни голови кои се влезени во историјата на клубот.
Бејл во 2013 година од Тотенхем пристигна во Реал, за тогаш рекордна сума од 101 милиони евра. Во првите три сезони имал годишна плата од 18 милиони евра (бруто), а откако го продолжил договорот приходот му пораснал на 27 милиони евра годишно (бруто).
Новинарите на „АС“, ги пресметале бројките и дошле до сума од 236 милиони евра што клубот ги вложил во Велшанецот. Тој досега за Реал постигнал 102 гола, што значи дека секој негов гол го кошта клубот 2,3 милиони евра.
Она што е може да се смета како олеснителна околност кога ќе се погледнат бројките е фактот дека поради разните повреди Бејл одиграл само 225 натпревари за „кралскиот клуб“.