Top Sport

Секоја чест: Вермален тренираше сам по крајот на мечот

Томас Вермален се подготвува за својот прв меч во шпанската Ла лига по 623 дена, откако е извесно дека ќе биде во тимот на Барселона за дуелот со Валенсија на „Месталја“.

Казната на Жерард Пике и повредата на Хавиер Маскерано го постави поранешниот играч на Арсенал во позиција да добие шанса во тимот на Ернесто Валверде.

Колку ќе му значи кам-бекот добро покажува тоа што Белгиецот по крајот на досадното 0:0 реми со Јувентус, остана на теренот на „Алијанц стадионот“ за да тренира самиот откако не доби шанса за мечот од Лигата на шампионите.

Последен меч на Вермален во шпанската лига беше 6:0 победата над Хетафе на 12 март 2016 година. 32-годишниот дефанзивец минатата сезона ја помина на заем во Рома, но повредите се вратија и тој имаше само 12 настапи.

Се очекуваше дека Ернесто Валверде ќе го продаде, но поранешниот тренер на Атлетик Билбао реши да го остави ветеранот поради неговото искуство. Вермален дојде на „Ноу Камп“ во 2014 година и иако одигра само 63 минути во првата сезона беше дел од тимот кој освои тројна круна.

Следната година тој имаше 20 настапи во сите натпреварувања. Оваа година тој настапи еднаш – во 3:0 победата во шпанскиот куп против Мурсија, но беше дел од белгиската репрезентација на претходните два пријателски меча против Јапонија и Мексико.

Заработи богатство од Барселона иако не играше 19 месеци

Scroll to Top