Египетскиот напаѓач Мохамед Салах со она што го прикажува по доаѓањето во Ливерпул го привлекол вниманието на најтрофејниот евроски клуб Реал Мадрид. Ова го открил селекторот на Египет Ектор Купер.
„Добив потврда дека Реал е заинтересиран за Салах“, изјавил аргентинскио тренер за телевизијата „Он Спортс ТВ“ и дополнил.
„Сепак мое мислење е дека во овој момент Ливерпул е вистинскиот клуб за него“.
Салах во Ливерпул се пресели во летниот преоден рок од Рома за сума од 37 милиони фунти.
Египѓанецот на 21 натпревар во сите натпреварувања има постигнато 17 голови, а со 12 гола е најдобриот стрелец во Премиер лигата.
Салах со Ливерпул потпиша договор до 2022 година.