Top Sport

Селекторот на Исланд ја плати сметката за бараж-поразот од Унгарија

Селекторот на Исланд, Ерик Хамран (63) поднесе оставка од функцијата откако репрезентацијата не успеа да се пласира на Европското првенство, соопштија денеска од тамошниот фудбалски сојуз.

Исланд во четвртокот играше бараж финале во Лигата на нации против Унгарија и се до 88 минута имаше водство од 1-0. Сепак во последните мигови од мечот Унгарците со два гола го визираа пасошот за ЕУРО 2021.

ФС на Исланд соопштува дека Хамран ќе го води националниот тим уште на двата меча од Лига на нации, втор циклус против Данска, односно Англија.

Со Хамран на селекторската позиција, Ислан одигра 26 меча, запиша 9 победи, надополнети со 5 нерешени и дури 12 порази.

Scroll to Top