Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон, негира дека ќе го повика искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ за Светското првенство во Русија. Ибрахимовиќ се повлече од репрезентацијата во 2016 година, по завршувањето на Европското првенство во Франција.
Репрезентацијата на „Трите круни“, без Ибрахимовиќ успешно ги мина квалификациите, а потоа во баражот преку Италија избори пласман на Светското првенство.
Речи од тој момент започнаа шпекулациите дека Ибрахимовиќ би можел да се најде во составот што ќе ја преставува Шведска во Русија.
Шпекулациите ги разгоре и фудбалерот со изјавата дека сигурно ќе биде на Светското првенство, без да појасни во која функција.
Селекторот на Шведска ги отфрли шпекулациите со образложение дека договорил со Ибрахимовиќ тој да не биде во тимот.
„Не, апсолутно не. Веќе кажа дека нема да игра. И други играчи кои се простија од репрезентацијата не се вклучени во нашите планови. По ЕП во Франција Златан Ибрахимовиќ и уште неколкумина играчи објавија дека повеќе нема да играат во националниот тим. Јас ја почитувам нивната одлука. Не можам да ги разберам медиумските шпекулации и она што сега го зборува Ибрахимовиќ. Јас го знам само она за што ние разговаравме. Имавме договор и тој беше многу јасен и јас се согласив“, рекол Андерсон.
Златан Ибрахимовиќ, со 62 гола е најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација.
Шведска на Светското првенство ќе игра против Германија, Мексико и Јужна Кореја.