Top Sport

Селекторот на „слоновите“: ФИФА го убива фудбалот во Африка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата коска – Патрис Бумел ја обвини ФИФА дека го убива фудбалот во Африка со тоа што дозволува само 5 селекции да се пласираат на СП во Катар 2022 година.

Поразот од 1-0 од Камерун во последното коло од групната фаза од квалификациите ги исфрли „слоновите“ од шанса да играат во Катар затоа што останаа со 13 бода, два помалку од Камерун.

За Бумел е проблем тоа што во Африка од 54 земји се квалификуваат на Мундијалот само 5, а од Европа 13 ќе се најдат во Катар 2022, од вкупно 55 аспиранти.

Спомена и дека од Јужна Америка на Мундијалот ќе има дури 4 земји, од само 10 кои се борат за билет за на СП.

„Штета е затоа што силна селекција каква што е мојата останува дома. Катастрофа е што само 5 селекции одат на СП, а ги има 54. Не ги критизирам другите континенти, но ФИФА го убива фудбалот во Африка. Ова би го рекол дури и ние да изборевме пласман на СП“ вели Бумел.

На СП 2022 година ќе има 48 учесници.

Scroll to Top