Top Sport

Селта единствена непоразена против Барса оваа сезона! (видео)

Селта успеа да извлече 2:2 против Барселона, која мечот го заврши со 10 играчи, уште еднаш покажувајќи дека гостувањата на Блауграна во Галиција никогаш не се лесни, иако мечот повторно ќе предизвика контроверзи откако израмнувачкиот гол на домаќините беше постигнат со рака.


Со овој резултат, Селта е единствениот тим во Ла лига кој нема пораз од каталонскиот гигант, кој сега го продолжи рекордот на 40 натпревари без пораз во шпанската елита.

Усман Дембеле го постигна својот прв гол во Ла лига во 36. минута за да ги донесе гостите во водство, меѓутоа Јонатан Ото израмни на крајот на полувремето. Паулињо повторно погоди за Барселона во 64. минута, пред Серхи Роберто да добие црвен картон во 71. минута и да дозволи Селта да спаси бод во 82. минута преку Јаго Аспас, кој сепак беше контроверзен бидејќи топката во голот ја смести со рака.

Scroll to Top