Реал Сосиедад и во второто коло од шпанската Ла лига не успеа да стигне до победа, откако примија гол во 94. минута за 1:1 реми со Селта Виго.
Баскискиот клуб беше на чекор од победа, откако Такефуса Кубо го пронајде Андер Баренечеа во 24. минута за водство на домаќините, резултат кој беше актуелен до 94. минута, кога Оскар Мингуеза успеа да уфрли одбиена топка во голот за 1:1.
Ова е прв поен за Селта оваа сезона по домашниот пораз од Осасуна (0:2), додека Сосиедад и во првиот меч на домашен терен одигра 1:1 со Џирона.