Top Sport

Селта со играч помалку до победа над Леганес (Видео)

Фудбалерите на Селта освоија важни бодови против еден од директните конкуренти во борбата за опстанок во Ла Лига. На „Балаидос“, во рамките на 25 рунда Селта го победи Леганес со 1:0.

Селта ја запиша втората последовна победа на домашен терен, вкупно петта во првенството и со 24 поени сега се наоѓа на 16 место со пет поени повеќе од последните две екипи на табелата (Леганес и Еспањол).

Екипата од Галиција успеа да победи иако од 21 минута имаше играч помалку на теренот. Поради груб старт директен црвен картон доби хрватскиот репрезентативец Филип Брадариќ.

Легенес се обида во второто полувреме да ја искористат предноста од играч повеќе на теренот меѓутоа нивната иницијатива не даде резултат.

Зато пак домаќините од една од ретките шанси успеаја да постигнат гол. Олаза нафрли од слободен удар во 62 минута, а топката во голот ја спроведе Јаго Аспас.

Scroll to Top