Top Sport

Селта тоне, Вилјареал победи во Виго (Видео)

Вилјареал забележа победа на „Балаидос“ во Виго против Селта во 28 коло во Примера. „Жолтата подморница“ победи минимално со 1:0. Со оваа победа Вилјареал дојде до 41 поен во првенството и остана во позиција да се бори за пласман во европските купови, додека Селта е во тешка позиција има 26 поени и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Примера.

Иако минимална победата на Вилјареал е заслужена бидејќи во текот на целиот меч беа подобар противник. Селта во текот на целиот натпревар не упати ниту еден директен удар во голот на противникот.

Ибора и Џерард Морено во првото полувреме не реализираа чисти шанси, нивните удари ги одбрани Рубен Бланко. Во вториот дел најдобрата шанса за Вилјареал не ја искористи Карлос Бака во 86 минута.

Решавачкиот момент се случи во 91 минута кога одличниот Бланко успеа да го совлада Ману Тригерос.

Scroll to Top