Top Sport

Селта во јануари го носи Манџукиќ

Селта Виго планираат во јануари да го донесат искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ, кој е слободен агент откако си замина од катарскиот Ал-Духаил.

34-годишниот Манџукиќ има играно во некои од најголемите европски клубови, како Јувентус и Баерн Минхен, а има искуство и во Ла лига, откако сезоната 2014/15 ја помина во Атлетико Мадрид. Манџукиќ си замина од Јувентус во текот на летото 2019, по што одигра само 10 натпревари за катарскиот клуб пред да биде ослободен од договорот.

Манџукиќ има 33 гола во 89 настапи за Хрватска, со која играше во финалето на Светското првенство во 2018 година. Селта во тимот има само тројца напаѓачи – капитенот Јаго Аспас, Нолито и Санти Мина.

Scroll to Top