Top Sport

Селтик го доби дербито на Глазгов (видео)

Во дуел на „учителот“ Брендан Роџерс и „ученикот“ Стивен Џерард, Селтик стигна до 1:0 победа над Ренџерс во големото „олд фирм“ дерби на Шкотска.

Роџерс, кој му беше тренер на Џерард во Ливерпул, сега е тренер на Селтик, додека Џерард од оваа сезона го презеде гигантот Ренџерс по неколку проблематични сезони за „сините“.

Селтик, кои доминираат во шампионатот последната деценија, беа надмоќни и во неделното дерби, но успеаја да го „скршат“ отпорот на „бојс“ дури во 62. минута, кога Оливие Нчам беше смирен при една брза контра на шампионите.

Со оваа победа, Селтик остана на второто место во Премиер лигата со 9 поени зад Хартс (кои имаат максимални 12), додека Ренџерс се седми со само една победа во четири натпревари досега оваа сезона.

Scroll to Top