Селтик одбиле уште една понуда за левиот бек Киран Тирни. Арсенал за Тирни понудиле 25 милиони фунти.

Втор пат во интервал од една недела великанот од Глазгов одбива понуда за Тирни, откако минатата недела не прифатија 15 милиони фунти.

Како што наведуваат медиумите Селтик би прифатиле 25 милиони фунти, но биле незадоволни од клаузулите што Арсенал сакаат да ги вклучат во трансферот.

„Зелено-белите“ ја сакале целата сума без никакви клаузули.

Доколку Арсенал се согласат да ја исплатат целата сума, тогаш трансферот на Тирни ќе биде најголем во истријата на шкотскиот фудбал.

Тирни минатат година, поради повреда, одигра само осум натпревари за Селтик.