Top Sport

Селтик му дадоа професионален договор на 15-годишниот Дембеле

Шкотскиот шампион Селтик потврди дека му даде прв професионален договор на 15-годишниот Карамоко Дембеле со кој тинејџерот ќе остане во клубот барем до 2021 година.

Дембеле, кој е роден во Лондон и играше за Шкотска и Англија во младинските категории иако може да игра и за Брегот на Слоновата Коска, претходно беше на насловните страници откако играше за У-20 тимот на Селтик на само 13 години.

„Ми значи многу што професионалната кариера ја почнувам тука во Селтик. Дојдов тука многу млад и заедно со моето семејство станавме дел од Селтик. Би сакал да им заблагодарам на сите за тоа што го направија за мене. Јас не бев заинтересиран за фудбалот, но мојот постар брат Сирики, кој игра за Питерборо јунајтед, ме навлече на фудбалот“, вели Дембеле.

Scroll to Top