Шкотскиот шампион Селтик му дал шокантно висока понуда на Жозе Мурињо, кој уште размислува за својот следен ангажман по отпуштањето од Манчестер јунајтед во декември, со понуди и од Рома и од Лион.
Според „Дејли мејл“, понудата за 56-годишниот фудбалски стратег е со доста висока плата во споредба со другите понуди, и на „Селтик парк“ би сакале тој да помогне да се освои и Европа, откако следната година Селтик ќе се бори а 10-та титула во низа во Шкотската Премиер лига.
Брендан Роџерс си замина од Глазгов за да стане тренер на Лестер пред очекувањата на управата на клубот, по што негова замена беше Нил Ленон. Селтик оваа сезона беше елиминран во квалификациите за Лигата на шампионите од АЕК Атина, по што стигна само до 1/16 финалето на Лига Европа, каде што загуби од Валенсија.