Top Sport

Селтик во потера по 100 години стар рекорд

Селтик во 11. коло во шкотската Премиер лига како гостин победи кај Абердин и дојде на чекор до израмнување на британскиот рекорд според бројот на одиграни натпревари без пораз.

Британскиот рекорд од 62 натпревара без пораз во домашните натпреварувања исто така е во сопственост на Селтик, а е поставен во периодот од 1915 до 1917 година на минатиот век под водство на Вили Мели.

Селтик против Абердин го одигра 61. натпревар на кој не е поразен и од израмнување на рекордната низа го дели уште дуелот на домашен терен со Килманрок в сабота.

„Се изнаслушав муабети на тема колку Селтик лесно победува и бележи успеси во домашните натпреварувања. За овој резултат се заслужни само фудбалерите што имаат храброст на секој натпревар и на секоја топка да влезат како победници“, рекол менаџерот на тимот, Брендан Роџерс.

Scroll to Top