Top Sport

Семедо уапсен и обвинет за обид за убиство!

Дефанзивецот на Вилјареал, Рубен Семедо во четвртокот се појави во судот во Лирија, покрај Валенсија да одговара за обид за убиство. 23-годишниот Португалец покрај тоа е обвинет и за грабеж, напад, држење во заложништво и поседување на нелегално оружје.

Семедо бил уапсен во вторникот и нема да може да излезе со кауција. Поранешниот репрезентативец на У-21 тимот на Португалија дојде во Вилјареал во јуни за 14 милиони евра од Спортинг Лисабон.

Агентот на Семедо, Катио Балде за португалската ТВ „ТСФ“ изјави дека неговиот клиент ги отфрла обвинувањата, а од Вилјареал објавија дека самите имаат своја истрага. Последниот меч на Семедо беше 2:0 поразот од Барселона на 10 декември.

Според шпанските медиуми, еден човек го пријавил Семедо откако фудбалерот и неговиот пријател го грабнале со закана со пиштол, по што го затвориле во куќата на Семедо, пукале во воздух и на крајот го ограбиле. Причината за инцидентот е навистина банална – тепачка во ноќен клуб.

Scroll to Top