Пол Погба не беше во составот на Манчестер јунајтед за петочната пресметка од ФА купот против Јеовил, откако Французинот доби слободен викенд од Жозе Мурињо, користејќи го за дружење со семејството.
Погба се врати во Франција, каде што уживаше во оброк со својата мајка и со браќата Флорентин и Матијас. Следниот предизвик за Погба и Јунајтед е гостувањето на „Вембли“ за дуел со Тотенхем веќе во среда.