Top Sport

Семејството Глејзер одбива да го продаде Манчестер јунајтед на Саудијците

Американското семејство Глејзер, сопствениците на Манчестер јунајтед, ја одбиле понудата за откуп на 20-кратниот англиски шампион од страна на саудиски инвеститори, но последните вести зборуваат дека „разговорите“ уште не се завршени.

Ова не е првпат да се шпекулира дека Манчестер јунајтед ќе биде продаден, откако во февруари саудискиот принц Мохамед бин Салман се поврзуваше со понуда од фантастични 3.8 милијарди фунти.

Малколм Глејзер, покојниот „газда“ на семејството во мај 2005 година позјами пари да го откупи Манчестер јунајтед и го претвори од акционерско друштво во приватна компанија, навлекувајќи го бесот на дел од навивачите. Со години протестите беа присутни на „Олд Трафорд“, а дел од навивачите дури облекуваа жолто-зелени дресови од оригиналниот Њутон Хит фудбалски клуб, кој подоцна стана Јунајтед во знак на протест.

И покрај тоа што под водство на Глејзери нема големи успеси во последните години, и титулата од Премиер лигата не стигнала на „Олд Трафорд“ од 2013, клубот во септември забележа приход од 590 милиони фунти, иако долгот останува 487 милиони фунти. Глејзер го купи клубот за 525 милиони фунти.

Принцот не планирал да го купи Манчестер Јунајтед

Scroll to Top