Top Sport

Семејството на Сала со подморница трага исчезнатиот авион

Семејството на исчезнатиот фудбалер Емилијано Сала, започна своја потрага по авионот кој пред осум дена, додека летал над Ламанш, исчезна од радарите.

Официјалната потрага по Сала и пилотот траеше три дена. Властите, потрагата по авионот, со кој фудбалерот леташе од Нант во новиот клуб Кардиф, ја прекинаа во четвртокот.

Семејството на фудбалерот упати молба до властите да ја продолжат потрагата, а нивните барања и поддржаа тренерот на Нант Вахид Халилхиџиќ, односно легендарните аргентински фудбалери Диего Марадона и Линеонел меси.

Откако властите ги одбија молбите на семејството, тие ангажирале подморница со која раководи морскиот билог Дејвид Мернс.

Благодарение на донации од познати фудбалери и тренери семејството собрало 300.000 евра со кои ќе продолжи потрагата по Сала и пилотот.

Scroll to Top