Челниците на Милан ја составиле листата на играчи кои клубот ќе се обиде да ги донесе во летниот преоден рок. Највисоко на таа листа котира играчот на Сасуоло Стефано Сенси.
Овој 23-годишен фудбалер од средниот ред има одлична сезона, поради што доби повик и во италијанската репрезентација. Синоќа против Лихтенштајн тој го постигна првиот гол за азурите.
Милан наводно подготвиле 20 милиони евра за да го обезбедат потписот на Сенси. Фудбалерот на Саусуоло беше цел и во изминатиот јануарски преоден рок, но челниците на двата клуба не успеале да се договорат околу обесштетувањето.
Медиумите шпекулираат дека покрај Сенси, на спискот потенцијални засилувања се наоѓаат Сен Максим, Соареш, Тонали, Вајгл и Милинковиќ-Савиќ.