Вулверхемптон направија вистинска сензација во Премиер лигата со победата над Манчестер сити во рамките на осмото коло. Во оваа рунда минимална победа забележа Арсенал, а Челси убедливо триумфираа во Саутемптон.
Англиските шампиони Манчестер сити го забележаа вториот пораз оваа сезона и сега имаат осум бода помалку од Ливерпул.
„Граѓаните“ го имаа поседот на топката, упатија двојно повеќе удари кон голот на Руи Патрисио, но ниту еден удар не ја погоди целта.
Џелатот на Сити беше Траоре кој најпрвин погоди во 80 минута, а потоа во 94 минута ја запечати судбината на шампионите.
Арсенал и Борнмут одиграа израмнет натпревар, домаќините упатија два, а гостите ден удар во рамките на головите. Мечот го реши Давид Луиз во раната фаза на натпреварот.
Челси со сигурна игра се прошетаа низ Саутемптон. Двата гола на Ејбрахам и Маунт го одредија текот на мечот. Ингс намали на 1:2, но во финишот на полувремето Канте постигна гол за 1:3. Конечниот резултат го постави Батшуаи во самиот финиш.