Top Sport

Сензација во шпанскиот Куп, Атлетико испадна од Корнеља

Фудбалерите на Корнеља, членот на Сегунда Б (Трета лига), приредија првокласна сензација во Купот на Кралот. Корнеља, во втората рунда, успеа да го елиминира лидерот во Ла Лига Атлетико Мадрид. Корнеља со 1:0 славеше на Алетико.

Атлетико, на овој меч настапи без главните играчи, но со силен тим, кој го предводеа Саул и Жоао Феликс. Имаа играчите на Чоло Симеоне три добри шанси во првиот дел, додека во второто полувреме, иако во континуитет напаѓаа не успеаја сериозно да се заканат. Атлетико од 63.минута играше со фудбалер помалку, поради исклучувањето на Санчез.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Адријан Хименез во осмата минута. Инаку, Адријан Хименез е играч кој потекнува од школата на Атлетико, а има настапи за Б-тимот.

Scroll to Top