Сер Алекс Фергусон им кажал на своите пријатели дека е загрижен што Манчестер јунајтед, тимот кој тој го предводеше до толку многу успеси полека стануваат „циркус“, тврди британскиот „Дејли мирор“.
Под Фергусон, покрај 13-те титули од Премиер лигата и две од Лигата на шампионите, сите проблеми остануваа во соблекувалната и Шкотланѓанецот имаше навика да ги продава фудбалерите кои му се спротиставуваа, како Дејвид Бекам, Руд ван Нистелрој, Јап Стам…
Минатата сабота, Ферги се врати на „Олд Трафорд“ првпат откако доби мозочен удар во мај, и беше разочаран од 1:1 ремито со Вулверхемптон и зборувал за негативниот публицитет кој го опкружува Јунајтед.
Според него, враќањето на Пол Погба за рекордни 100 милиони евра, заедно со неговиот агент Мино Рајола бил најкатастрофалната грешка која Јунајтед ја направиле, и „рецепт“ за хаос.
Фото: ЕПА