Top Sport

Серхи Роберто ја врати рамнотежата – Барса-Реал 1:1 по првото полувреме

Откако примија гол, или поточно си постигнаа автогол по само 9 минути игра, Барселона успеа да осигура на полувреме да се отиде со 1:1 против Реал Мадрид во новото „Ел класико“ и за тоа се погрижи Серхи Роберто.

По една опасна ситуација пред голот на Тибо Куртоа по нафрлањето на Роналд Арухо, човекот кој си постигна автогол на почетокот на мечот, Серхи Роберто се најде на вистинското место во 45. минута за да израмни на 1:1 за најава на уште едно интересно полувреме.

Scroll to Top