Top Sport

Серхи Роберто: Меси има „оган“ во очите!

Лионел Меси можеби гореше од желба да ја напушти Барселона во текот на летото, но сега е „загреан“ за да работи за доброто на тимот од „Ноу Камп“, вели неговиот соиграч Серхи Роберто.

Шесткратниот освојувач на „Златна топка“ се обиде да замине од клубот во текот на летото активирајќи ја клаузулата за раскин на договорот, велејќи дека не е задоволен од насоката во која се движи клубот, но на крајот реши да остане уште една сезона во клубот каде што ја помина цела професионална кариера.

По двете победи на стартот на сезоната под водство на новиот тренер Роналд Куман (4:0 против Вилјареал и 3:0 против Селта Виго), Роберто гледа „оган“ во очите на Аргентинецот.

„Лео е навистина ‘загреан’, работи лудо за тимот. Важно е кога ќе видите некој како него да работи со толкава желба за успех“, вели Роберто.

Scroll to Top