Top Sport

Серхи Роберто за малку ќе завршел во Реал Мадрид!

Маноло Ромеро, поранешниот скаут на Реал Мадрид открива дека клубот бил блиску до потпис со капитенот на Барселона, Серхи Роберто во 2006 година, трансфер кој бил „спречен“ поради семејни причини – болеста на неговата мајка.

Во 2006 година, Роберто беше одличен за тимот на Гимнастик де Тарагона во нивните младински категории, по што повеќе шпански клубови сакаа да го добијат. Но, тој го одбил интересот на Реал Мадрид бидејќи неговата мајка се разболела и решил да остане во Каталонија.

„Тој сакаше да остане во Каталонија со неговата мајка и наскоро, Барса ни го зема. Среќен сум што по неколку тешки години, конечно е стандарден во првиот тим“, вели Ромеро.

Со над 350 настапи за Каталонците, тој оваа сезона стана и ко-капитен на тимот и доби продолжување на договорот до 2024 година.

Scroll to Top