Top Sport

Серхио Агуеро би можел да се пресели во Челси

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, а клубот не му понуди продолжување на соработката.

Стрелецот на 257 гола за Манчестер сити во последната деценија, најчесто се поврзува со Барселона, каде што главна ѕвезда е неговиот добра пријател Лионел Меси. Шпанските медиуми тврдат дека Барселона испратиле конкретна понуда до Аргентинецот.

Од друга страна, британските медиуми, објавија дека Челси покажал сериозен интерес за Аргентинецот.

Во овој момент „сините“ во нападот ги имаат Тимо Вернер, Тами Ејбрахам и Оливие Жиру. Евентуалниот трансфер на Агуеро би му овозможило на Жиру да го нашушти клубот.

Scroll to Top