Top Sport

Серхио Рамос го „стопирал“ враќањето на Мурињо на „Бернабеу“?

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон вели дека капитенот Серхио Рамос и другите фудбалери спречиле враќање на Жозе Мурињо на клупата на „Бернабеу“, иако тоа била првата цел на сегашниот претседател Флорентино Перез.

Само 10 месеци откако си замина, Зинедин Зидан се врати на клупата на својот тим, како трет тренер за Реал по Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари.

„Ова е голема вест за Реал Мадрид. Мислењето на лидерите во соблекувалната беше поважно од тоа на претседателот, по караницата помеѓу Серхио Рамос и претседателот, кој сметаше дека Мурињо е вистинскиот избор бидејќи смета дека ’цврстата рака’ во соблекувалната е важна. Но, фудбалерите, предводени од Рамос јавно му се спротиставија и беа во право. Видете кои менаџери освојуваа титули во ЛШ со Реал: Висенте дел Боске, Карло Анчелоти и Зидан. Со сосема различен стил од Мурињо. Сега мораме да одиме напред“, вели Калдерон.

Scroll to Top