Серија А и официјално го објави распоредот на натпреварувањата по рестартот на лигата на 20 јуни, потврдувајќи дека дербито меѓу двата првопласирани тимови Јувентус и Лацио ќе се оддржи во вечерен термин во понеделник, на 20 јули.
Мечевите ќе се играат во 16.15 часот, 18.30 часот и 20.45 часот, откако фудбалерите се побунија против идејата да се игра попладне на италијанското сонце. Од 20 јуни до 23 јули има само пет дена без мечеви (25 јуни, 29 јуни, 3 јули, 10 јули и 17 јули).
Торино и Парма ќе го отворат рестартот на во сабота на 20 јуни, по што следува мечот Верона-Каљари истиот ден. Аталанта-Сасуоло и Интер-Сампдорија, другите два заостанати меча од 25. коло ќе се играат во недела. Последните три кола, 36., 37. и 38. ќе бидат објавени подоцна.
Целиот календар можете да го погледнете на следниот линк.
Riparte la #SerieATIM – Ecco la programmazione dei recuperi della 25ª Giornata e degli anticipi e posticipi dalla 27ª alla 35ª Giornata ➡️https://t.co/WrNQuqxg9y#WeAreCalcio
— Lega Serie A (@SerieA) June 1, 2020
25.КОЛО
Сабота, 20 јуни
Торино – Парма 18.30 ч.
Верона – Каљари 20.45 ч.
Недела, 21 јуни
Аталанта – Сасуоло 18.30 ч.
Интер – Сампдорија 20.45 ч.