Top Sport

Серија А ќе го казни Роси за „неправилната“ капитенска лента

Според италијанскиот „Премиум спорт“, Рома ризикува финансиска казна откако нивниот капитен Даниеле де Роси одби да ги следи бизарните правила на лигата околу капитенската лента.

Од оваа сезона, Лега Серија А реши да воведе необично правило и да ги обврзе сите капитени на клубовите да носат ист модел на капитенска лента.

Ова не го спречи Де Роси да закачи црвена лента на својата рака при драматичната 1:0 победа над Торино во неделата, по што речиси сигурно следува финансиска казна за „волчицата“. Останува да се види дали клубот и лигата ќе го натераат ветеранот да го почитува необичното правило на следните натпревари.

Scroll to Top