Исходот на табелата во Серија А ќе биде одредена со плејоф и плејаут или со алгоритам доколку повторно дојде до прекина на сезоната поради корона вирусот, потврдија од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Мнозинството на клубови од Серија А беа против идејата за шампионот и испаѓањата да се решаваат со математичка формула, откако 16 од 20 клуба гласаа да нема шампион и испаѓање ако дојде до прекин, но ФИГЦ го одобри својот план денеска.
Според „Ла газета дело спорт“ 10 јули е последен термин за таков исход, по што ќе се реши шампион со алгоритам, односно најверојатно со поени-по-натпревар.
Италијанскиот фудбал треба да се врати со вторите мечеви од полуфиналето на Копа Италија во петок, пред Серија А да се рестартира на 20 јуни.