Top Sport

Серија А можеби нема да добие шампион

Епидемијата на короноавирусот ја стави во карантин цела Италија. Олимпискиот комитет и владата на Италија синоќа ги суспендираа сите спортски настани до 3 април.

Медиумите од синоќа се занимаваат и со можните сценарија во фудбалскиот шампионат, Серија А. Според нив во опција се три сценарија.

Јасно е дека поради ваквата ситуација, доколку првенството продолжи на 3 април дека до крајот на мај ќе останат да се играат многу натпревари. Веројатноста е дека на секој два до три дена ќе се играат натпревари. Во тој случај проблем ќе бидат натпреварите во Купот, можно е финалето да биде одложено дури за август.

Италија од УЕФА може да побара да биде пролонгиран стартот на ЕУРО 2020. Првиот меч на Европското првенство треба да се одигра на 12 јуни во Рим. Медиумите на Апенините шпекулираат дека е можно Европското првенство да биде одложено за 2021 година.

Најлошото сценарио е првенството да биде прекинато. Во тој случај нема да биде доделено Скудетото, а Фудбалскиот сојуз на Италија би ги одредил тимовите што ќе играат во европските купови наредната сезона.

Исто така ниту еден тим не би испаднал од лигата, а во Серија А би влегле двете најдобри екипи од Серија Б. Ова значи дека наредната сезона во Серија А биде натпреварувале 22 екипи.

Во овој момент според пласманот во Лигата на шампионите би играле Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта, а во Лига Европа Рома, Наполи и Милан, а во Серија А би останале Бреша и СПАЛ.

Scroll to Top