Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Италија како да ја „отвори вратата“ за повеќе фудбалери и менаџери кои би сакале да се обидат во Серија А, по кризата која ја имаше италијанската елита
Откако напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку призна дека би сакал да се обиде во Серија А, сега истото го вели и славниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
„Клупа во Италија? Зошто да не! Да ме прашавте пред десетина години, никогаш не би кажал дека ќе одам во Германија и ќе научам германски. Тука барем има убава храна. Дефанзивниот фудбал е талент и тука вие сте ’мајстори’. Животот е тоа – победуваме и губиме, но во Италија тоа се сфаќа малку посериозно. Како тренер кога сум се соочувал со италијански тимови секогаш сме страдале. Мислам дека научив многу од италијанскиот фудбал“, изјави Гвардиола при посетата на Милано, каде што присуствуваше на церемонијата „Фестивал на фудбалот“.
Фото: ЕПА