Top Sport

Серија Б дефинитивно останува со 19 клубови

Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) ја донесе конечната одлука, втората лига Серија Б да остане на 19 клубови и покрај жалбата на исклучените клубови кои бараа да се вратат оригиналните 22 места.

Хаосот во италијанската второлигашка конкуренција кулминираше ова лето, кога Бари, Авелино и Чезена банкротираа и не се пријавија за новата сезоан во јули. Наместо да се донесат тимови од Серија Ц, Лега Про реши да се стартува сезоната со преостанатите 19 клубови, по што тимовите кои можеа да профитираат од промоцијата: Сиена, Новара, Катанија, Тернана и Про Верчели решија правдата да ја бараат пред ЦОНИ. По голема дискусија, ЦОНИ ја отфрли жалбата.

„Првпат во мојата кариера, претседателот гласаше против одлуката. Гласањето заврши 3:2, со мојот глас против, и лигата продолжува со 19 клубови“, вели шефот на апелациониот суд на ЦОНИ, Франко Фратини.

Scroll to Top