Top Sport

Серија Ц официјално заврши, прескапо е да се почитуваат корона-препораките

На сезоната 2019/20 во италијанската трета лига, Серија Ц, официјално и се стави крај, по што Монца, Венеција, Реџина и најверојатно Карпи ќе влезат во Серија Б, а нема да има испаѓање.

Поради пандемијата на корона вирусот, клубовите се согласија дека со нивните ограничени финансии не е возможно да ги следат сите медицински протоколи за безбедно да се продолжи лигата.

Трите победници на регионалните групи, Монца, Виченца и Реџина, вообичаено влегуваат во Серија Б, додека четвртиот патник требаше да се одреди со плејоф, но најверојатно ќе биде тимот на Карпи кој има подобар коефициент од најблискиот ривал Бари. Овој предлог сега ќе треба да го ратификува Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Оваа сезона нема да има испаѓање од третата лига.

Scroll to Top