Хамес Родригез го повредил коленото на подготовките со репрезентацијата на Колумбија. Информациите што доаѓаат од таборото на Колумбијците не се поволни за Реал, се шпекулира дека Родригез го скинал лигаментите во коленото. Доколку тоа е така тогаш значи дека сезоната за него е завршена.
Деталните прегледи што треба деновиве да му бидат извршени во Мајами ќе покажат колку е сериозна повредата.
Сигурно е дека Родригез нема да го игра пријателскиот натпревар против Перу.
Инаку Родригез само што се врати во натпреварувачки ритам, претходно отсуствуваше поради повредата на листот.