Албанскиот репрезентативец Елсеид Хисај доживеа тешка повреда на натпреварот помеѓу Торино и Наполи.
Десниот бек на Наполи во 34 минута во еден воздушен дуел приземји на главата и веројатно го повредил вратот. Тој на носилки беше изнесен од Олимпискиот стадион во Торино.
Хисај ќе ги пропушти дуелите кои Албанија ќе ги одигра против Турција и Молдавија.
Que queda horrorosa de Hysaj… ? pic.twitter.com/MhevHQb1fK
— Calciopédia (@calciopediagoal) October 6, 2019