Top Sport

Сетиен ги однесе играчите на вечера, папараците ги начекаа (видео)

По два дена од преземањето на кормилото на Барселона и на два дена пред првиот официјален меч на клупата, новиот тренер на Каталонскиот клуб, Кике Сетиен ги однесе своите играчи на вечера во монденскиот ресторан „Виа Венето“.

Дружењето било планирано како тајна, но новинарите во Шпанија дознале па играчите на излегување од ресторанот ги пречекале камери и фотоапарати, рефлектори и микрофони.

Ѕвездите на Барса се разбегаа без изјави, а некои од нив со рацете го криеја лицето.

На вечерата биле сите, освен Луис Суарез кој се опоравува од повредата на коленото и Дембеле кој е во Катар по повредата на мускулот.

Scroll to Top