Top Sport

Севилја е горда на 12-годишниот „џин“ со прекар Ибра (видео)

Изминатиот викенд една фотографија од дуел на У-12 тимовите на Севилја и Вилјареал стана хит на Интернет, откако сите ја забележија разликата во раст на ривалите на 12-годишниот сенегалски напаѓач на Севилја, Ибрахима Соу.

Иако, секако, во прв план беше неговата височина, од Севилја посочија дека во него гледаат многу повеќе од тоа. Соу има неверојатни 29 голови во сите натпреварувања оваа сезона, по што тој стана капитен на тимот.

Според „Марка“, тој го носи прекарот „Ибра“ по славниот Златан Ибрахимовиќ и дојде во Севилја од Малага во 2018 година.

Scroll to Top