Српскиот репрезентативен голман, Марко Дмитровиќ го направи трансферот на неговата кариера, откако Севилја го купи по фантастичните настапи за Еибар.
29-годишниот Дмитровиќ кариерата ја почна во Црвена звезда, а потоа играше за унгарскиот Ујпешт, пред да замине во Чарлтон во англискиот Чемпионшип. Голманот пристигна во Шпанија во 2015/16 прво како позајмен фудбалер од Чарлтон во Алкоркон, кои потоа го откупија договорот. Во 2017 година, тој премина во Еибар, за кои одигра 131 меч во четири сезони, а исто така постигна и еден гол – пенал против Атлетико Мадрид во јануари оваа година.
Се верува дека Севилја, кои ќе играат во Лигата на шампионите, платиле околу 8 милиони евра на Еибар.
?????????? ? ?? ????? ????, ????? ?????????́. ? ?
Добродошао Марко! ??#WeareSevilla #NuncaTeRindas pic.twitter.com/6CkedcFCat— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) July 4, 2021