Неполни 24 часа по шокантната елиминација во Лига Европа, челниците на Севилја му врачија отказ на тренерот Пабло Мачин. До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи спортскиот директор Хоакин Капарос.
Севилја, синоќа, доживеа пораз во Парага од Славија, во спектакуларен меч. Славија во продолженијата победи со 4:3, откако постигна два гола во последните 16 минути. Ибрахим Траоре го постигна решавачкиот гол во 120 минута.
Клупските челници не можеа да му го простат овој неуспех на Мачин. Севилја до крајот на сезоната со Хетафе, Алавес и Валенсија ќе води голема борба за пласман на четвртата позиција, која носи место во Лигата на шампионите.