Top Sport

Севилја го потврди трансферот на Гудељ

Поранешниот репрезентативец на Србија Немања Гудељ потпишал четири годишен договор со Севилја, објави клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ стадионот.

Гудељ во Севиља пристиган од Гвангжу Евергранде, иако минатата сезона ја мина на позајмица во Спротинг Лисабон.

Србинот е десеттото засилување за Севилја во преодниот рок. Клубот од Андалузија за Гудељ не плати обесштетување, бидејќи му заврши договорот со Гвангжу. Севилја досега има потрошено околи 120 милиони евра на нови играчи.

Поранешниот играч на Бреда и Ајакс во Севилја ќе има годишна плата од 2,75 милиони евра.

Scroll to Top