Севилја и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 на „Рамон Санчез Писхуан“ во дуелот на второпласираниот и третопласираниот клуб во Ла лига, дозволувајќи вечерва Барселона со победа на гостувањето кај Хетафе да се одвои на првото место.
Домаќините стигнаа до водство преку Висам Бен Једер во 37. минута од мечот по мешаница пред голот на Облак, но „јорганџиите“ успеаја да израмнат преку Антоан Гризман, кој во 45. минута постигна фантастичен гол од слободен удар.
Барселона е лидер во Ла лига со 37 поени пред вечерашниот меч, Атлетико се втори со 35 поени, а Севилја се на третото место со 32 поени.
Фото: ЕПА