Шпанска Севилја потврди дека одбиле понуда за Жил Кунде инсистирајќи дека не мораат да го продадат 22-годишниот Французин ова лето, уривајќи ги надежите на Челси за комплетирање на уште еден голем трансфер пред крајот на преодниот рок.
„Вистина е дека имаше понуда за Кунде која ја одбивме. Во моментов нема друга понуда, а ако дојде ќе ја разгледаме како и секогаш. Ако мораме да продаваме ќе продаваме, но засега сакаме да го засилиме клубот. Ќе видиме што ќе се случи до 31 август“, изјави претседалот на клубот, Хозе Кастро.
Интересно, клаузулата за заминување на Кунде од тимот неодамна скокна од 80 на 90 милиони евра, но Челси се надева дека ќе го заврши договорот за многу пониска цена.