Екипата на Севилја вечерва славеше лесна и убедлива победа на гостувањето кај претпоследната екипа во Ла лига, Леганес. Резултатот по 90 минути беше 3-0 за екипата од Андалузија.
Мечот се чини беше решен за само 12 минути. Оливер Торес најпрво во 23 минута погоди за 0-1, а во 35 минута го постигна својот втор гол, доволен за Севилја да ги однесе бодовите од ова гостување.
До крајот на мечот, во 82 минута Ел Хадади ги постави конечните 0-3.
Севилја беше доминантна во текот на целиот меч, одигра доволно за да ги освои трите бода со кои ги повтори своите амбиции за третата позиција на табелата на која моментно се наоѓа Атлетико Мадрид.
Леганес пак, со новиот пораз е уште еден чекор поназад во можноста да обезбеди пласман сезонава во најквалитетното шпанско друштво. Тие се претпоследни на табелата со -9 бода од Селта, која во моментов е спасена од испаѓање.