Top Sport

Севилја најблиску до Папу Гомез

Капитенот на Аталанта, Алехандро Папу Гомез, најверојатно ќе заврши во Севилја со постојан трансфер, тврдат италијанските и шпанските медиуми.

Гомез, кој влезе во конфликт со тренерот на клубот од Бергамо, Џанпјеро Гасперини и оттогаш е „црна овца“ во клубот, и иако Севилја сакале да го одложат трансферот до летото, шпанските медиуми тврдат дека претседателот на клубот Антонио Перкаси веќе преговарал со спортскиот директор Мончи за постојан трансфер.

Гомез, кој дојде во Серија А од украинскиот Металист во 2014 година, би добивал 3 милиони евра по сезона до јуни 2023 година.

Scroll to Top