Севилја на Хулен Лопетеги го забележа и вториот пораз во низа во Ла лига по стартот на сезоната со три победи, откако на гостувањето кај Еибар пропуштија водство од 2:0 за изненадувачки пораз од 3:2.
Окампос и Торес во првото полувреме стрелаа за Севилја по првите 45 минути да изгледа дека ќе се „прошета“ до победа по поразот од Реал Мадрид во дербито, но домаќините не мислеа така.
Во 65. минута, Орелјана намали на 1:2 со гол од пенал, а во 77. минута Педро Леон израмни. Трите поени за Еибар ги осигура Коте во 82. минута од мечот. За Еибар ова е прва победа оваа сезона.