Фудбалерите на Севилја се „газди“ во градот. Предмалку со 2-0 славеа против екипата на Бетис во последниот денешен меч од редовното коло во Ла Лига.
Во меч без многу шанси, условно речено гостите ја имаа контролата на топката, создадоа повеќе шанси и домашниот голман Браво мораше двапати да ја вади топката од својата мрежа.
Вреди да се напомене дека Бетис целото второ полувреме го одигра со играч помалку на теренот. Во 45 минута Родригез го заработи својот втор жолт картон.
Акуња, по асистенција на Окампос во 55 минута го отвори резултатот, а судбината на домашните ја запечати Белерин – си постигна автогол во 81 минута.
Севилја со вечерашните 3 бода собра 27, доволни за трета позиција. Ист број бодови има и второпласираниот Реал Мадрид, а лидерот на табелата Реал Сосиедад има 28.
Бетис сега е петтопласиран со 21 поен.