Top Sport

Севилја со играч повеќе го победи Хетафе – Деби гол за Папу Гомез

Фудбалерите на Севилја ја продолжија успешната серија во Ла Лига и го задржаа чекорот со Барселона и Реал во борбата за висок пласман. Севилја, на домашен терен го победи Хетафе со 3:0. На овој меч првиот гол во Ла Лига го постигна поранешниот фудбалер на Аталанта, Папу Гомез.

Севилја, се мачеше против незгодните гости од Мадрид. Во првиот дел двата тима не реализира по две добри шанси за постигнување гол.

Клучниот момент на мечот се случи во 57.минута, кога капитенот на Хетафе, Џене Даконам, поради невнимателен старт врз Лукас Окампос доби црвен картон. Во истата минута поради жестоките протести црвен картон доби и тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги. Долго време му се укажуваше помош на Окампос, кој потоа го напушти теренот.

Мунир во 67.минута го постигна првиот гол за Севилја, а потоа домаќините во финишот ја заверија победата. Убав гол постигна Папу Гомез во 87.минута, а две минути подоцна Ен Несири го постави конечниот резултат. Мароканецот го постигна 13.гол оваа сезона.

Scroll to Top